Македонија

На „Ќафасан“ кон Албанија има забрана за камиони поради интензивни снежни врнежи

ЦУК известува, според информацијата од Диспечерскиот информативен центар на Ј.П. Македонијапат, дека поради интензивни снежни врнежи од 08:45 часот на патниот правец А2 Струга – Граничен премин Ќафасан се воведува забрана за тешки товарни возила.

Директорот на „Македонијапат“, Костадин Ацевски, апелира возилата да носат зимска опрема, а за претпријатието посочува дека ги чисти сите магистрални и регионални правци. Снегот ќе паѓа во текот на целиот викенд.

(Видео) Се фрла сол, се чисти снегот низ автопатите – снежната покривка ќе достигне и до 40 сантиметри

На почеток