Свет

Хаосот поради летот од Македонија продолжува на аеродромот „Никола Тесла“ во Србија

По синоќешниот хаос на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, кога немаше летови цели четири часа поради патниците од Македонија кои завршија на погрешна аеродромска капија, повеќето авиони утрово сѐ уште доцнат. Српска „Нова“ јавува дека полека се формираат гужви. Доцнењата се од 30 минути до два часа.

Цели четири часа вчера немаше полетувања на белградскиот аеродром „Никола Тесла“. Проблемот настанал, како што е официјално соопштено, околу 17 часот во транзитната зона, кога дошло до мешање на патници кои пристигнале од Скопје со други патници кои имале намера да патуваат на други дестинации, а кои претходно биле контролирани.

Мешањето на патниците настанало поради грешка во функционирањето на операторските услуги на аеродромот „Никола Тесла“, соопшти МВР.

Откако првиот авион полета по 21 часот, најмногу летови утринава доцнат на аеродромот, што беше најавено претходно.

Некои патници рекоа дека не добиле никакво известување дека нивните летови ќе бидат одложени денеска.

„Летот ми доцни час и 20 минути, никој од надлежните не не извести, можевме да спиеме подолго и да не видиме што се случува“, изјави еден од патниците за ТВ Нова.

Друг од патниците вели дека биле подготвени за за сѐ што може да се случи.

На почеток