Македонија

Џафери не коментира партиски изјави, нема измени во роковникот за избор на пржинска Влада

Во кусото и без детали соопштение од Кабинетот на спикерот Талат Џафери за денешната понеделничка координација стои дека роковникот за активностите во Собранието остануваат непроменети. На координацијата и денеска вообичаено не беше претставник на ВМРО-ДПМНЕ, но сега и претставник од албанската опозиција поради игрите со пополнување на местото во ДИК. Според ставовите од претходната координација подготовките за избор на техничката Влада треба да почнат денеска и да завршат со гласање во недела, на 28 јануари.

Неделава треба да поднесат и да се констатираат оставките на Ковачевски и Џафери од функциите претседател на Влада и претседател на Собрание, потоа избор на нов претседател на Собрание. Во овој периот треба да се информира претседателот Пендаровски кој треба да додели мандат на новиот мандатар кој треба до Собранието да предложи листа со министри, заменици министри и дополнителни заменици министри.

Собранието треба да констатира престанок на мандатот на Џафери за пратеник и на евентуално и други пратеници ако се најдат на листата за новата извршна власт и на нивно место да се изберат следните од листите. Новинарите се интересираа за дворските партиски игри меѓу власта и опозицијата кој за кого и дали ќе гласа за техничката Влада, но одговор од Кабинетот на Џафери нема: „Претседателот не коментира партиски изјави”.

Бурна недела на политичката сцена, секој пред гласачите се уште е длабоко закопан во своите ровови, а роковите газат.

На почеток