Скопје

Нов обид за субвенции на ЈСП и автобуси на улица: Уште незапочната, паузирана седницата во Град Скопје

На нова вонредна седница во Град Скопје, повторно ќе се одлучува за субвенциите за ЈСП, од кои пак, зависат платите на вработените во претпријатието. Ова доаѓа откако на претходната, советниците од ВМРО-ДПМНЕ не дадоа поддршка за исплата на парите тврдејќи дека немаат извештај како се трошат парите, а потенцирајќи дека веќе еднаш исплатиле пари за декемвриска плата.

Претседателот на Советот на градот, Трајко Славески ја отвори седницата, а потоа Љубица Јанчева од СДСМ побара пауза.

„До овој момент присуствуваат 30 членови на Советот и може да работи и полноважно да одлучува“, кажа Славески и побара да се утврди дневниот ред.

Јанчева од место побара пауза и рече: „Барам 30 минути пауза“.

Советникот Филип Јаневски реагираше бидејќи на уште непочната седница се бара пауза.

„Викате за плата на вработените кои се мрзнат надвор, а барате пауза“, рече Јаневски.

На ова советничката Јанчева му рече да ќути и остана при барањето.

Славески даде пауза.

На почеток