Скопје

Револт на вработените од ЈСП оти остануваат без плати: Немаат ни срце ни душа тие луѓе, ништо немаат

Вработените од ЈСП остануваат да чекаат нова седница на Град Скопје, за да се изгласаат субвенции, со цел, тие да земат плата. Вработените ја исвиркаа одлуката да не се изгласаат парите кои треба да легнат во сообраќајното претпријатие. Тие се пред салата на Советот на Град Скопје.

„Немаат ни срце ни душа тие луѓе, ништо немаат“, вака вработените од ЈСП ја коментираат одлуката на Советот на Град Скопје да не се изгласаат субвенции за претпријатието.

Според претседателот на Синдикатот, Миќо Стојановски, за саат и половина ќе има нова итна седница, а ако и на нејзе не се изгласаат субвенции, јавен превоз нема да има.

„Мене ме интересира платата, мене да ме исплатат, друго ништо. Нивните деца ќе одат во школо, ќе ги возат со коли, ние немаме со што да ги носиме“, кажа вработен во ЈСП.

Според Стојановски, вработените остануваат пред Град Скопје.

„Ќе ја чекаме дополнителната вонредна седница. Такви информации добивме, дека ќе има за саат и половина. Ако не се закаже, јавен градски превоз нема да има“, рече Стојановски.

На почеток