(Видео) Скопје останува без јавен превоз – советниците не изгласаа субвенции за ЈСП, пари за плати – нема
![Avatar](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2021/09/xd-80x80.jpg)
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2024/01/Screenshot-2024-01-22-at-13.26.37.png)
Јавното сообраќајно претпријатие нема да ги добие субвенциите со кои треба да подели плати, одлучи Советот на Град Скопје. Од нив, 22 гласаа „за“, а пак 13 гласаа „воздржано“. Немаше ниту еден советник кој гласаше „против“.
„За одлуката гласале 22 членови, 13 се воздржани. Констатирам дека одлуката за давање субвенции не е донесена“, кажа Славески.
Дискусијата траеше повеќе од два часа. Дел од советниците кои и гласаа воздржано, жестоко реагираа на раководењето на ЈСП, бидејќи директорот според нив, трошел недомаќински, а во претпријатието се вработувале партиски кадри.
Вработените во ЈСП рекоа дека без да им се даде плата, нема да ги извршуваат работните задачи и одат да штрајкуваат. Ова значи дека Скопје ќе остане без јавен превоз, а со оглед дека ниту приватните превозници нема да возат низ градот.
Што се случуваше и текот на настаните – видете [ТУКА]
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)