Скопје

(Видео) Маж изврши голма нужда близу „Партизанска“ во Карпош 4, ова го прави често пред влезови на згради

Возрасен маж со торби во раце изврши голма нужда близу „Партизанска“, на раскрсницата со улицата „Никола Парапунов“. Жителите на Карпош 4 велат дека ова не е првпат, туку напротив, често се случува да го забележат истото лице да го прави истото во овој дел од градот. Според нив, станува збор за лице кое е бездомник, а не сака да се смести во институциите кои нудат заштита.

Граѓаните посочуваат дека ваква глетка затекнале и порано. Ако не е измет, тогаш е мокрење во различни делови на Карпош 4. „Скопје1“ дојде и до снимка од која се гледа како лицето врши нужда пред зграда во близина на „Сити мол“, спроти трговскиот центар „Антико“.

Бездомното лице, во текот на цела зима спие по влезови од зграда. Таргет му се тие лоцирани на Партизанска близу „Сити мол“. Често може да се забележи и на раскрсниците, како седи на столица, која постојано ја носи со него.

За него имаше и низа апели и критики, но институциите не успеаја да најдат чаре, а тој одбива згрижување. По денешната нужда, изметот и салфетките со кои се бришеше, останаа среде улица.

На почеток