Скопје

Нормализирање: Автобусите на улиците по рутите, нови линии нема да има

Автобусите на ЈСП и приватните превозници се вратија на улиците. Од утрово е нормализиран јавниот превоз, додека парите изгласани од Советот на Град Скопје треба да се исплатат на сметката на ЈСП, а пак претпријатието на работниците. Тоа е процес кој се очекува да биде завршен најдоцна до петок. До тогаш, функционирањето на јавниот превоз ќе биде нормалнизирано.

Во вчерашната дебата на Советот на Град Скопје, директорот Крсте Петревски, посочи дека нови линии кои се побарани да се воведат – нема да има. Според него, флотата на автобуси е стара 13 години и нема доволно. Им порача на советниците дека треба да изгласаат купување на нови автобуси, за да има нови автобуски линии.

Во Советот на Град Скопје вчера имаше хаос. Советниците од ВМРО-ДПМНЕ поради лоши финансиски резултати на ЈСП и сомнежи за недомаќинско работење, не сакаа да ја гласаат одлуката за субвенционирање на ЈСП. Дополнително, беше посочено дека веќе еднаш тие изгласале пари за декемвриска плата, за која ЈСП, сега нема средства да ја исплати.

На повторена вонредна седница, парите беа изгласани.

На почеток