Коментари

ЗХГ: Циркусот на Советот денес објаснет во кратки црти

Зелен хуман град смета дека денеска во Советот на Град Скопје се случил циркус. Тие посочуваат дека тоа можат да го објасат во пет кратки црти.

„ЈСП секоја година добива големи субвенции од Град Скопје за да работи. Јавен сообраќај скоро никогаш не е профитабилен за да има ниски цени, е во ред да е субвенциониран. ЈСП не дава јасни извештаи на советот каде одат парите што ги добиваат, и често се бараат дополнителни субвенции низ годината. Советот бара, но не добива дополнителни извештаи. Работењето на сите инситуции во Град Скопје и Македонија не е оптимизирано ниту проверено, и често завршуваат како црни дупки за пари со огромен број на партиски вработувања. Граѓаните и вработените се држат заложници во секое препукување меѓу партиите, без разлика дали се на власт или опозиција“, велат тие.

Оттаму додаваат: „Без ние граѓаните да сте во советите и на раководните позиции, овој циркус ќе продолжи секоја година. Да не се лажеме дека нешто ќе се промени. Не смееме да дозволиме само однадвор да ги следиме настаните, туку директно да се вклучиме во работата на институциите. Озбилно луѓе, нема друг начин, не може да очекуваме од истата група на луѓе променет начин на работа“.

На почеток