Коментари

Критерум „етничка припадност“: „Балансерот се сведува на една заедница и придонесува таа да има послабо образование, искуство, вештини“

Нова серија критики за вработувањата низ државните институции во Македонија, со критериум „етничка припадност“. Откако лавина реакции имаше поради вработувањата во здравствените институции, каде ова беше пресуден фактор, сега професорката по право Мирјана Најчевска одново го искоментира балансерот, кој контролира колку Македонци, а колку други етнички заедници се дел од институциите.

„Балансерот со кој конкуренцијата се сведува на една етничка заедница придонесува таа етничка заедница да има послабо образование и да биде реално некомпетитивна по знаење, искуство и вештини на глобален план. Со балансерот најлоша услуга се прави на немнозинските заедници“, напиша Најчевска.

Претходно, премиерот Димитар Ковачевски и министерот за здравство, Фатмир Меџити, посочија дека законски е етничката припадност да биде критериум, па дури и во здравството.

Законски е етничката припадност да биде услов за вработување на медицинари, се правдаат Меџити и Ковачевски

На почеток