Свет

Осум експлозии во Харков, но и во Киев – има загинати и повредени

Киев: Во последните 24 часа Русите истрелаа 99 ракети кон Запорожје, двајца загинати

Русија денеска изврши ракетни напади врз Киев и Харков во кои според досегашните информации загинале две лица, а седуммина се повредени, соопштија украинските власти.

Причинета е материјална штета и на инфраструктурни објекти. Во серијата руски напади на Харков утринава загинаа две жени, соопшти шефот на Регионалната воена управа Олег Синегубов, пренесува Укринформ.

Како што е соопштено, околу 7:15 часот по локално време, во Харков одекнале најмалку осум експлозии. Тоа беше втор напад на Харков во текот на денешниот ден, бидејќи имало серија напади околу четири часот наутро, пишува Укринформ.

Според првичните податоци, оштетена е станбена зграда и цивилна инфраструктура. Во Киев седум лица се повредени во нападите, соопштија украинските власти.

To Top