Свет

Полска подигна борбени авиони поради Русија: Масовниот напад врз Украина создаде хаос на истокот

Украинската воздушна одбрана собори три руски борбени авиони Су-34

Полска подигна борбени авиони, како и еден авион на сојузникот на НАТО, поради „зголемената активност“ на руските воздухопловни сили против Украина.

„Ве информираме дека е забележана интензивна активност на авионите со долг дострел на Руската Федерација, која е поврзана со намера да се изврши напад на територијата на Украина“, соопшти Оперативната команда на вооружените сили на платформа „Х“, пишува полското радио на 24.

Оперативната команда на вооружените сили увери дека „почнати се сите неопходни процедури за обезбедување на безбедноста на полскиот воздушен простор и ситуацијата континуирано се следи“.

Рано утринава Русија изврши масовни ракетни напади врз Киев и Харков, во кои загинаа најмалку две лица.

На почеток