Нема оставка туку повик до пратениците – изгласајте ги законите, порача Алиу
Нема никаква оставка од Азир Алиу, министер за информатичко општество и администрација, туку повик до пратениците да ги излгасаат законите кои се оеднсуваат на реформа на јавната администрација.
Тој на прес-конференција укажа дека нема време за губење и дека ова е важно да се направи што поскоро. Законите се со месеци заробени во Собранието и не ги поминуваат ниту собраниските филтри. Алиу посочува дека законите ќе донесат професионална администрација.
„Јас не се откажувам никогаш. Ние сме министри и имаме обврски и кон нашите партии. Законите се до ЕУ знаменце, поминаа на Влада и се заглавени во Собрание“, вели Алиу.
Тој како шпекулации ги опиша најавите за негова предвремена оставка. Посочува дека граѓаните заслужуваат квалитет. На прес-конференција, и премиерот Димитар Ковачевски го пофали Алиу како кадар.