Македонија

Турканици за фотелја, двајца директори едно директорско столче

Арбен Бени Шаќири се уште ги бранува социјалните мрежи по неговото назначување за директор на МКЦ. Едни му честитаат, други го критикуваат дека се продал.

Но, Шаќири го мачи друг проблем. Оди на работа, но не може да седне во директорското столче бидејќи, сега поранешниот директор Никола Алексов смета дека тој има право на столчето бидејќи не е разрешен.

Правниот јазол треба да го пресече градоначалничката Шаќири треба да седне во фотелјата на местото на Никола Алексов, инаку познат како дипломиран детектив, кој Арсовска го постави пред една година по разрешувањето на Ванчо Богоев, кој се жалеше на закани и уцени затоа што не го потпишал вработувањето за Бени Шаќири.

Проблемот датира од 2019 година кога група културни работници се спротивставија на изборот на Шаќири кој до тогаш фамилијарно важеше за близок човек на СДСМ и според информциите, било договорено Шилегов да го назначи за директор.

На почеток