Свет

(Видео) Се шири снимка како американски Бредл уништува руски тенк – Украинците објаснија сѐ

Украинското Министерство за одбрана пред десет дена објави видео на кое се гледа како Бредли уништува руски тенк Т-90. Бредли е моќно оклопно возило од американско производство, а САД во неколку наврати за време на војната ги испраќаа во Украина.

Видеото подоцна се прошири на социјалните мрежи, но во меѓувреме се знаеше само дека современ руски тенк Т-90 е уништен од украинската 47 механизирана бригада.

Украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров сега го покажа видеото на состанокот со претставниците на земјите кои ја поддржуваат Украина и рече дека ова видео е пример за „асиметричен пристап и стратешка супериорност над непријателот на бојното поле“.

На видеото се гледа како украинскиот екипаж на американското борбено возило Бредли запира модерен руски тенк Т-90М. За време на конфликтот, руски тенк беше оштетен, а потоа уништен со беспилотни летала. Руските војници по експлозијата избегале од тенкот.

На почеток