Свет

(Видео) Гори кинески трговски центар во Нов Белград – се слушаат експлозии, состојбата е лоша

Пожарот што избувна утрово во кинескиот трговски центар во Нов Белград не стивнува, а според неофицијални информации нема повредени. Пред запалената зграда има голем број сопственици на дуќани, а одвреме навреме се слушаат и експлозии, за кои постои сомневање дека се од плински боци, кои ги има во изобилство во кинескиот трговски центар.

Хеликоптерската единица цело време се бори со огнот, а пламените јазици значително се намалија.

Првиот кат од кинескиот трговски центар е целосно уништен, а проблем со гаснењето на пожарот предизвикува тоа што во објектот има многу запаливи работи – опрема, пиротехника и слично.

Лука Чаушиќ, началникот на Итната помош на МУП, изјави дека ситуацијата е сложена.

„Хеликоптерите во основа ја намалуваат температурата за да можат членовите на МУП да се приближат уште повеќе и да реагираат поефикасно. Добивме дојава во 6:57 часот, по две-три минути пристигнаа првите единици. Ваквите згради се полни со запаливи материјали, пожарот веќе беше во фаза на разгорување, сега се обидуваме да го пресечеме огнот од задната страна“, рече Чаушиќ.

Дојава за пожар е добиена во 06:57 часот. Од ВСЈ Нови Београд, ВСЈ Земун, ВСЈ Кошутњак, ВСЈ Вождовац и ВСЈ Звездара се испратени вкупно 46 пожарникари-спасувачи со 13 возила. Потоа беа испратени повеќе пожарникари.

На терен моментално има 51 пожарникар и спасувач со 15 противпожарни возила.

Интервенцијата се уште е во тек.

На почеток