Животот на Петар е во наши раце, мајка од Охрид бара помош: треба операција во Турција, недостасуваат уште пари
Гордана Попоска од Охрид, бие битка за да собере пари за лекување на нејзиниот син Петар. За тој да замине на операција, треба да се соберат уште 20 илјади евра. Иднината на Петар е во рацете на хуманите граѓани.
„Ова е мојот син Петар има 22 години и боледува од ретка болест Tyrosine Hydroxylase deficit. Како последица на ненавремено поставена дијагноза, денес Петар има сколиоза закоја е потребна хирушка интервенција. Истата не може да се изведе во Македонија, па затоа мора да се оперира во Турција за која се потребни околу 50 илјади евра“, посочува Попоска.
Досега се собрани дел од парите, па недостасуваат уште 20.000 евра.
„Финансиски не сме во можност да ја собереме потребната сума и приморани сме на овој начин т.е. со донации. Затоа ве молам, хумани луѓе донирајте кој е во можност да помогне и на некој начин да придонесе“, додава Попоска.
7000821760.21 Гордана Попоска HALKBANK IBAN:MK07270700082176215 SWIFT:EXPCMK22
Броеви за донации А1 : 143460
Телеком :143 128
линкот за странство е https://gofund.me/03bc7b3c