Спорт

Ѓоковиќ елиминиран во Австралија

Јаник Синер во полуфиналето на Австралија опен успеа да го совлада Новак  со 6:1, 6:2, 6:7(6), 6:3, со што го елиминира Србинот од натпреварувањето.

Јаник Синер го одигра мечот на својот живот и така успеа да го направи она што никој досега не го направил. Успеа да го совлада Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Австралија опен, што не му успеа на Роџер Федерер, Рафаел Надал, Данил Медведев и многу други. Ѓоковиќ до овој петок имаше 20-0 во полуфиналето и финалето на Австралија Опен. Неговата серија од 33 победи во Австралија сега заврши.

Италијанецот го одигра мечот на својот живот во кој сервираше фантастично. Ѓоковиќ успеа да спаси една меч топка во третиот сет и на крајот да го освои сетот во тај-брејк.

Во четвртиот сет Синер уште еднаш направи брејк и така стигна до победата.

Синер се пласираше во финалето каде ќе игра против подобриот од дуелот Данило Медведев и Александар Зверев.

На почеток