Македонија

Нов студен бран и силен северен ветер: што да очекувате од времето викендов

„Снегот паѓа толку силно што не се гледа прст пред око“ – Црна Гора во колапс

Под влијание на нов многу студен бран од север, за време на овој викенд, како и во почетокот од следната седмица времето во Македонија ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Особено долж Повардарието и во источните предели ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен и од северозападен правец. Повремено ветерот ќе достигнува брзина од над 60 км/час.

Локално ќе има и провејување на слаб снег. Наутро темпратурите ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -2 степени, но тие понекаде ќе се спуштат и под -10 степени, со што на повеќе места ќе има појава на силен мраз.

Во Скопје и околината очекуваме слично време. Студено и ветровито со засилен ветер од северен правец, а ќе има услови и за сосема слабo и локално провејување на снег. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалоит помеѓу -5 и -2 степени, а максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 2 и 4 степени.

На почеток