Свет

(Видео) Пожар избувна во Специјалната болница на Златибор: Евакуирани 30 деца

Пожарот што избувна половина час пред полноќ во Специјалната болница за болести на тироидна жлезда и метаболички болести „Чигота Златибор“ – е локализиран. Во моментов се работи за тој целосно да биде изгаснат.

Пожарот ги зафатил покривот и горниот кат на зградата. Меѓу евакуираните пациенти има и триесет деца.

Како што дознава „РТС“ од Противпожарната бригада во Чајетина, во гаснењето на пожарот биле ангажирани околу 50 пожарникари.

Директорот на болницата Александар Симиќ за РТС изјави дека успеале да ги сместат неподвижните пациенти во околните хотели.

To Top