Македонија

Албанската опозиција со закана: Ќе блокираме улици пред Собрание и Влада ако не се избере член на ДИК

Пратеникот Фадил Зендели побара од новиот претседател на Собранието, Јован Митревски, итно да ѝ наложи на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, да одржи седница и за член на ДИК пред Собраниеto да го предложи нивниот кандидат.

Во спротивно, албанската опозиција се заканува до блокирање на Собранието, како и блокирање на улици пред Собранието и Владата.

„Се разгледува можноста за организирање на секаков вид на револтот, со цел ДИК да биде комплетирана и сите граѓани во Македонија да имаат можност да гласаат за политичката опција во која веруваат, изјави лидерот на БЕСА, Биљал Касами.

На почеток