Македонија

Во Европа пристигнува циклон кој привремено ќе ја убие зимата и ќе донесе високи температури

Следната седмица во цела европа пристигнува силниот антициклон “Зеус“, вели метео-прогнозерот, Славчо Поповски.

„Тој и тоа како на некое време ќе ја убие зимата и ќе донесе невообичаено високи температури насекаде низ континентот, дури и над 15 степени. Во центарот на овој антициклон воздушниот притисок ќе биде многу висок (дури 1035 хехтопаскали)“, вели Поповски..

Едно е сигурно, до 6-7 февруари вистинска зима и нови врнежи од снег ширум континентот не се очекуваат, што значи дека ќе има недостаток на врнежи, како од дожд, така и од снег.

Кај нас во Македонија овој антициклон кон средината, и крајот на следната седмица ќе ги покачи максималните дневни температури кога тие ќе достигнат во интервалот од 7 до 16 степени, но од друга страна наутро ќе биде многу студено како што и претходно кажавме и температурите во утринските часови кај нас ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -2 степени.

На почеток