Свет

Пукање во Лос Анџелес: Полицијата пронашла 4 безживотни тела во куќата

Полициската управа во Лос Анџелес започна истрага откако имало пукање во куќа во Гранада Хилс, предградие на Лос Анџелес, по што беа пронајдени четири безживотни тела.

Пукањето се случило вчера околу 18:50 часот, јавува CBS News.

Полициските службеници веруваат дека се работи за убиство-самоубиство, но жртвите и осомничените не се идентификувани.

Мотивот за пукањето се уште се утврдува.

На почеток