Македонија

Малолетник прегазен и со тешки повреди – несреќа на патот Скопје-Куманово

На 28.01.2024 вo 18.45 часот во СВР Скопје било пријавно дека на регионален пат Скопје-Куманово, во с.Арачиново, скопско, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ј.(37) од с.Арачиново, удрило во малолетен пешак од Скопје.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На почеток