Македонија

(Видео) Не патам со што доаѓам, вели Џафери откако со „мерцедес“ и ротации отиде во Форино како премиер

На техничкиот премиер Талат Џафери му е сеедно дали ќе го возат со „мерцедес“ или приватно ќе си оди, а откако „Скопје1“ објави снимка каде тој во селото Форино беше дочекан како „командант“, а пристигнувањето му беше со службено возило и придружни полициски возила.

„Иронијата за ‘мерцедесот’ верувам дека не е во служба на никого, јас не патам со што доаѓам, дали со ‘мерцедес’ или приватно ќе си одам дома“, кажа Џафери.

Претходно, „Скопје1“ објави дека Талат Џафери со песна, овации и радост дочекан во Форино, истиот ден кога ја презеде функцијата технички премиер. Неговите соселани го чекаа пред капијата на неговиот дом во вечерните часови, а тој пристигна во придружба на полиција во „мерцедес“, но засега не е потврдено дали станува за „тоа на м“, поради кое Гордана Јанкулоска и Ѓоко Поповски лежеа затвор.

(Видео) Како беше пречекан Џафери во неговото Форино: се вози ли со тоа на „м“?

На почеток