Македонија

(Видео) Како беше пречекан Џафери во неговото Форино: се вози ли со тоа на „м“?

Талат Џафери со песна, овации и радост дочекан во Форино, истиот ден кога ја презеде функцијата технички премиер. Неговите соселани го чекаа пред капијата на неговиот дом во вечерните часови, а тој пристигна во придружба на полиција во „мерцедес“, но засега не е потврдено дали станува за „тоа на м“, поради кое Гордана Јанкулоска и Ѓоко Поповски лежеа затвор.

Снимка од пристигнувањето беше објавена и на социјалните мрежи од негов соселанец. Во позадина, на снимката, тече песната „Командантот ја повикува долината, каде си најдобро брат. Соберете се одеднаш, храбри, дека непријателот нема вера“.

Сега, Џафери има поголемо обезбедување, а го пратат и три полициски возила со ротации.

На почеток