Македонија

Уапсени четворица меѓу кои Нино Васев, претреси имало на три локации, соопшти Обвинителството за Онкологија

Обивнителството потврдува дека од утринава направени се претреси на три локации, а уапсени се четири лица. Оттаму посочуваат дека акцијата за „Онкологија“ се уште трае. Меѓу уапсените и задржаните во полициска станица е и ескдиректорот Нино Васев.

„До овој момент извршени се претреси на три локации и задржани се четири лица поради сомненија дека сториле кривични дела. Основното јавно обвинителство Скопје продолжува со дејствија.“, велат од Обвинителството во првичната информација.

Претходно, објавивме дека Нино Васев со лисици е изнесен од болницата. Тој е во полициска станица, а е осомничен во предметот кој го води скопското Обвинителство за кражба и злоупотреба на цитостатици. Тој ќе биде задржан во станица 24 часа, дознава „Скопје1“. Потоа, ќе се одлучува дали ќе се бара мерка за обезбедување присуство како што е приворот, куќниот притвор, одземање на патни исправи, јавување во суд.

Истовремено, три лица опфатени со истрагата, неофицијално, во моментов се недостапни за органите на прогнот и по нив се трага.

На почеток