Македонија

Многу сте расположен со оглед на тоа дека ви се ближи времето, му рече Фетаи на Груевски

На денешното судење за насилството во општина Цнетар, поранешниот премиер, Никола Груевски прокоментира дека обвинителката Фатиме Фетаи зборувала без да добие право на збор и се насмеа откако судијата рече дека таа е обвинител и може да зборува во оваа фаза.

На тоа Груевски само се насмевна, а Фетаи му се обрати со зборовите „многу сте вие расположени со оглед дека ви се ближи времето”.

Груевски и рече дека нема потреба да се грижи за неговото расположение, по што Фатиме одговори дека се грижи и за здравјето и за расположението на обвинетите. Потоа почна расправа во судницата, Фетаи стана и рече „помина времето кога не смееше никој да му возвраќа”.

Судијата повика на мир во судницата, а некои од обвинетите се обратија кон јавноста со зборовите „ајде сега и ова да го објавите”.

Во случајот „Насилство во Центар” обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, екс советничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште деветмина други лица.

На претходните рочишта за овој предмет, вина признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски и добија условни казни. За седмообвинетиот Димче Крстев, пак, се води одвоена постапка.

Обвинетите се товарат за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток