Скопје

(Видео) Аларм ако се качувате од Средно Водно до Крстот

Поради врнежите од снег и ниските температури кои ги има во Скопје во текот на ноќите, замрзнати се патеките од Средно Водно до Крстот. Теренот е тежок за искачување и треба особена внимателност, како и зимска опрема.

Во изминатите денови имаше неколку несреќи и спасителни акции. ЦУК извести дека лица завршиле со скршеници при искачување на планината.

Внимателност треба и при искачување на Средно Водно, бидејќи делови од патеката се исто така замрзнати.

На почеток