Свет

Најсилното невреме во последните 30 години го погоди северот на Европа: автобус излетал од патот, прозорите на хотелот биле издувани, училиштата затворени

Бурата Ингун, со удари на ветерот над 193 километри на час, ја погоди Норвешка.

Домаќинствата во централните делови на земјата во четвртокот се разбудија без струја, а автобус североисточно од градот Берген излета од патот. За среќа, никој од 14-те патници кои биле во него не е повреден.

Некои области беа поплавени, а поради ураганските ветрови привремено беа прекинати услугите на авиопревозниците и фериботите.

Имаше известувања и за затворање училишта, патишта, тунели и мостови.

Издувани се неколку хотелски прозорци, а полицијата во центарот на Бод издаде предупредување во кое се наведува дека постои „опасност по живот“.

Штета претрпе и болницата во Харстрад. Фотографиите објавени во норвешките медиуми покажуваат дека рампата за слетување на хеликоптерот е преполна со остатоци.

„Плочките летаат насекаде и видливоста е лоша“, изјави портпаролот на градоначалникот Оивинд Арвола за норвешката телевизија NRK.

На почеток