Свет

Скандалозна одлука на судот: Ослободени обвинетите за убиството на новинарот Славко Чурувија, утре во 14 часот протест

Ни го одземаа здивот, правдата и се предаде на силата, вака велат од Фондацијата „Славко Чурувија“, која повика на протест што ќе се одржи утре во 14 часот пред Аплециониот суд во Белград.
Реакцијата доаѓа по одлуката на судот да ги ослободи обвинетите за убиството на познатиот српски новинар.

„Убиството на новинарот Славко Чурувија, кое беше нарачано и организирано од државата, останува неказнето кривично дело, 25 години откако беше извршено и девет години по почетокот на судскиот процес“, соопшти Фондацијата.

Апелациониот суд ги ослободи четворицата поранешни членови на Секторот за државна безбедност обвинети за убиството на Чурувија во 1999 година.

На почеток