Свет

Поради „теророт“ на Курти, Србите од Косово најавуваат тричасовна сообраќајна блокада

Се огласи Русија за немирите во Косово

Раселените Срби од Косово најавија дека денеска од 12:00 до 15:00 часот ќе го блокираат сообраќајот „за сите возила што ги управуваат Албанци преку Мердар, кон Куршумлија, Ниш, Белград и понатаму кон Суботица“.

Како што наведоа, протестот е организиран поради, како што велат, „теророт и суровоста“ на политиката на Албин Курти кон српскиот народ на Косово и Метохија.

„Блокадата на патиштата ќе се одржува секој понеделник по три часа од 12:00 до 15:00 часот, додека не престане секојдневниот терор врз нашиот народ на Косово и Метохија. Теророт што го доживува српскиот и другиот неалбански народ стана неподнослив и е многу блиску до конфликт со несогледливи последици“, се вели во соопштението на Здружението на раселените Срби, собрани околу Иницијативниот комитет на Србите од Подуево и Косово и Метохија.

Тие бараат претседателот на Србија, Александар Вучиќ, министерот за надворешни работи, Ивица Дачиќ и другите членови на Владата на Србија итно да испратат писмо до сите релевантни меѓународни организации, итно да престане теророт и апсењето на невините Срби.

На почеток