Свет

Се урна руски хеликоптер

Хеликоптер Ми-8 на руското Министерство за вонредни состојби со тројца членови на екипажот се урна во езеро во Република Карелија за време на тренинг лет, а Рускиот истражен комитет покрена кривична постапка поради прекршување на правилата за безбедност во сообраќајот и воздушниот сообраќај.

Комуникацијата со хеликоптерот била изгубена додека бил над езерото Онеја, пренесува Риа Новости. На местото каде што се урнал хеликоптерот се води истрага.

„Останките на хеликоптерот Ми-8 се пронајдени на 11 километри од брегот. Длабочината на езерото на местото на откритието се движи од 40 до 50 метри“, се наведува во извештајот на руското Министерство за вонредни ситуации.

Во потрагата беа вклучени повеќе од 140 луѓе и 33 парчиња опрема, вклучително и нуркачи. Работата под вода, како што соопшти Министерството за вонредни состојби, ќе се изведува со подводно возило Фалкон на далечински управувач. Членовите на екипажот на хеликоптерот Ми-8 биле искусни, со илјадници часови лет зад себе, а за време на нивната работа во руското Министерство за вонредни ситуации, многупати учествувале во спасување луѓе и гаснење пожари.

На почеток