Коментари

„Нашите судии се закачалки за свечена облека, треба да се вратат во второ одделение“ – Најчевска со жестоки критики

Професорката Мирјана Најчевска ги нарекува судиите „правни одори“, откако пратеник беше осуден за став кажан од собраниска говорница, каде уживеа имунитет според закон. Според неа, судиите треба да се вратат во основно образование.

„Што ни кажуваат нашите закачалки за правни одори наречени судии: Дека е дозволено од собраниската говорница да се повикува на насилно уривање на уставниот поредок, но не и да се каже дека некој пратеник лаже. Дека е дозволено од собраниска говорница да се повикува на создавање терористичка организација, но не и да се каже за некој пратеник дека мами. Дека е дозволено повикување за финансирање тероризам но не и да се каже дека некој пратеник краде. Не, овие судии не треба да се вратат назад на факултет, туку назад во основно училиште. Некаде 2 или трето одделение“, напиша Најчевска.

По одбивањето на претставката од страна на Судскиот совет, пратеникот Бране Петрушевски во објава на неговиот фејсбук-профил вели дека почетокот на годината не навестува дека овој состав на Судскиот совет е способен да си ја врши работата и да ја штити и промовира независноста, професионализмот и интегритетот на судството.

На почеток