Македонија

Студентите ги добија парите кои ги чекаа со месеци на неколку часа пред протестот, министерот им вели да се посветат на испитите

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири, неколку часа пред протестот на студентите објави дека им ги исплатиле стипендиите и парите кои им ги должат со месеци. Им посочи дека треба да се сконцентрираат на испитите.

„Додека го читате овој пост на вашата сметка ги имате средствата за стипендија сите вие студенти кои ги исполнивте условите за продолжување и ретроактивното плаќање со спогодба. Искрено сакам да изразам благодарност до сите сектори низ кои се одвива процесот на стипендиите додека не стигнат до вас. Ве повикувам да ја искористите концентрацијата и енергијата за поголем успех на испитите кои ги имате оваа недела, апелирам да не дозволите да бидете манипулирани од дезинформации и злонамерни повици. Со среќа“, напиша Шаќири.

Тој потоа ги потсети што направил тој и Министерството за нив.

„Потсетувам: ➡️Го зголемивме износот за студентскиот оброк, ➡️Го зголемивме износот на стипендиите, ➡️Разликата на стипендиите ја плативме и за претходниот период … докажавме дека работиме посветено за студентите“, додаде тој.

На почеток