Македонија

Битка за тронот, Села: Ова е големата куќа – АА“, Таравари: „Сведок сум на чудо од народ“, кој ќе го земе партискиот печат

Битката меѓу двете крила на Алијансата на Албанците се разгорува. Освен обвинувања, има и физички пресметки но и војна на социјалните мрежи.
Поранешниот лидер на Алијанса за Албанците и актуелен претседател на партиското Централно претседателство, Зијадин Села, на ФБ објави фотографија со голем број партиски членови, негови приврзаници, и порача: „Тоа е големата куќа, Алијанса за Албанците“.

Села за сабота закажа седница на Централното собрание.

Таравари одговори: „Сведок сум на чудо од народ за промени“.

Села на прес-конференција во партиското седиште порача дека нова одлука на партикското раководство нема, а дека според последната Алијанса за Албанците на изборите ќе настапи самостојно, а партијата не е разединета и не е за на пазар.

Таравари претходно се пофали дека од 133 членови на Собранието успеал да собере 80 потписи како поддршка на неговата политика за коалицирање со албанската опозиција.

Овие ФБ потписи за Села се безвредни, ќе се пребројуваат во сабота и ќе биде јасно во чии раце ќе биде партискиот печат.

На почеток