Македонија

Револтот во ФЗОМ е огромен, доколку се намалат платите може да биде полошо, најави Синдикатот

Синдикатот на вработените во ФЗОМ, укажа дека Владата треба да си ја земе математиката во раце и да ги заштитат платите. Доколку нема таква одлука, вработените се толку револтирани, што штрајкот нема да престане и по цена да не земат плата. Синдикатот кажа дека штрајкот ќе стане поригорозен и ќе биде полошо, ако не се уважи единственото барање.

„Сите подрачни единици од денеска нема да извршуваат работни задачи освен најитните. Револтот кај вработените е огромен, штрајкуваат членови но и нечленови. Истрајни се, расположението е да се тера до крај, додека не ни останат оние плати кои ги добивме со декемвриската плата. Бараме да ги имаме платите во оваа висина, како со декемвриската“, кажа синдикалниот лидер.

Тој апелираше утре на Влада да се разгледа барањето за да останат истите плати.

„Таа вредност да биде до крајот на оваа година“, додаде тој.

Укажа дека ќе има лекови и помагала за сите.

На почеток