МВР со детали за најдениот куршум пред домот на Таравари:
Од
Објавено на
Министерството за внатрешни работи за „Скопје1“ потврди дека пред куќата на Арбен Таравари, лидер на Алијанса за Албанците бил најден куршум од автоматско оружје.
„Денеска (05.02.2024) во 09.34 часот, Ј.Џ.(42) од Гостивар во СВР Тетово пријавил дека пред влезната врата од куќата на А.Т.(50) во Гостивар било оставено, односно пронајдено зрно од автоматско оружје калибар 7,62 милиметри. Екипа од СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар извршиле увид, пронајденото зрно е фотодокументирано и подигнато за вештачење“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.