Македонија

Ковачевски влета во огнот на внатрепартиската битка во Алијанса за Албанците

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски се огласи за внатрепартиската битка во Алијансата на Албанците и за пронајдениот куршум во дворот на Арбен Таравари.

Став на Ковачевски е дека секоја партија одлучува во рамките на своите органи за тоа како ќе се постави на политичкиот простор.

„Останува на Алијанса за Албанците да одлучи дали ќе оди на Запад или на Исток, односно дали ќе биде за Европската Унија или за некакви недефинирани алтернативи”, изјави првиот човек на СДСМ.

Загрижен е од веста за пронајдениот неиспукан куршум пред куќата на претседателот на Алијанса за Албанците и актуелен градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари.

„Доколку е точно дека пред домот на Таравари бил оставен куршум, Министерството за внатрешни работи треба да интервенира, како што тоа беше случај по вчерашниот физички напад на директорот на Агенцијата за управување со одземен имот Дритон Небиу”, рече Ковачевски.

Небиу му даде отворена поддршка на Села.

На почеток