Свет

Силен земјотрес ја погоди Венецуела

Земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во венецуелската држава Сукре, на северот на земјата, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот на земјотресот бил на 12 километри североисточно од градот Гири, на длабочина од 86 километри.

Засега нема извештаи за жртви или материјална штета.

На почеток