Свет

Трамп: Сакам итна дебата со Бајден

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој одби да разговара со кандидатите од Републиканската партија за номинација на претседателските избори во ноември, изјави дека би сакал „веднаш“ да има дебата со американскиот претседател Џозеф Бајден.

„Би сакал да разговарам со него, бидејќи треба да имаме дебата, за доброто на оваа земја“, рече Трамп во радио емисијата на конзервативниот водител Ден Бонино.

Бајден веќе пристигна да одговори на „предизвикот“ на Трамп, при денешната посета на Лас Вегас.

„Да бев на местото на Трамп, и јас би сакал дебата со мене. Тој нема што друго да прави“, рече Бајден, пренесе Ројтерс.

Иако има предност во анкетите пред неговата ривалка Ники Хејли во рамките на Републиканската партија, Трамп допрва треба да ја помине изборната кампања во неговата партија за да биде кандидат на претседателските избори на 5 ноември.

На почеток