Свет

(Видео) Калифорнија ја зафати силно невреме: Најмалку три лица загинаа, во Лос Анџелес е прогласена вонредна состојба

Најмалку три лица загинаа од паѓање дрвја за време на силната бура што ја зафати Калифорнија, предизвикувајќи поплави, лизгање на земјиштето и прекин на електричната енергија.

Поради рекордни врнежи, гувернерот на Калифорнија Гевин Њусом прогласи вонредна состојба во осум окрузи, пишува Би-Би-Си.

Противпожарните екипи реагираа повеќе од 130 пати на поплавите, а официјалните лица издадоа наредби за евакуација на некои јужни планински заедници, вклучително и Лос Анџелес, каде што градските водачи прогласија вонредна состојба.

Претходно 16 лица беа принудени да ги напуштат своите домови во Холивуд Хилс поради лизгање на земјиштето што урна згради и уништи гасоводи.

Невремето и поплавите ги затворија училиштата од Малибу до округот Сонома, во близина на Сан Франциско.

Бурата е резултат на ефектот на „атмосферска река“, кога водата испарува во воздухот и ја носи ветерот, формирајќи струи кои се движат низ небото како реки на копно, јавува Би-Би-Си.

Невремето е втора „атмосферска река“ што ја погоди Калифорнија за две недели.

На почеток