Свет

Филмска акција на апсења во Словенија: Маскирани специјалци упаднаа во основно училиште, и врзаа лисици на наставникот поради дрога

Уапсен наставник во основно училиште во Логатац, Словенија. Како што јави РТВ Словенија, апсењето се случило во рамки на големата акција против шверцот на дрога.

Маскирани полицајци упаднале за време на наставата, а директорката на училиштето вели дека немала влијание во начинот на кој било направено апсењето, пишува Јутарњи лист.

„Апсењето е извршено разумно и внимателно, наставничката не е уапсена пред учениците“, кусо соопштија од полицијата.

На почеток