Македонија

Борбите во Алијансата на Албанците се вжештуваат: Села свика Собрание, ќе се одлучува за настапот на изборите

Алијанса за Албанците го свика Собранието на партијата со потписот на Зијадин Села. Ова доаѓа по хаосот во партијата кој трае неколку дена.

„Во прилог ја имате приложено одлуката на Председателот на Централното собрание, од 03.02.2024 за свикување на Собранието на партијата кое ке се одржи на 10.02.2024 година (сабота) во 13:00 часот во Буши Ресорт – Скопје и поканата од организацискиот секретар според на Статутот“, велат од Алијанса за Албанците.

„Претседавачот на партиското собрание свикува седница на Собрание на партијата на 10.02.2024 година (д. сабота) во 13:00 часот, со овој дневен ред:

1. Извештај на Претседателот на Партијата за политичките случувања поврзани со претстојните Претседателски и Парламентарни избори.

2. Жалба на Одлуката на Претседателството на партијата (од 24.10.2023) за излезот на Партијата на парламентарните избори.

• Оваа одлука влегува во сила со денот на спроведувањето и го задолжува Организацискиот секретар на Партијата да ги извести членовите на партиското собрание“, стои во одлуката потпишана од Села како претседател на Собранието.

На почеток