Свет

ПСЖ подготвува „бомба“ како замена за Мбапе, под еден услов да ја доведе ѕвездата на Јунајтед

Ливерпул води во трката за потписот на Мбапе

Пари Сен Жермен веќе почна да бара замена за Килијан Мбапе, кој според сите најави е на прагот да замине во Реал Мадрид.

Првата ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд е на мета на Французите, пренесува „Скај Спортс“.

Имено, ПСЖ ќе тргне по Рашфорд доколку добие информација дека Рашфорд е подготвен да го напушти клубот од детството.

Рашфорд и Мбапе созреаа во истиот период, но Французинот стана подобар играч.

Англичанецот иако блескаше минатата година, оваа година повторно се мачи и има пет гола и шест асистенции на 28 натпревари.

Мбапе е многу блиску до потпис за Реал Мадрид и ПСЖ сака да го обезбеди навреме.

На почеток