Македонија

Апасиев: Шверц со европско знаме за неписмените кадри на ДУИ да станат судии

Пратеникот од Левица, Димитар Апасиев обвини дека во Собранието се прави шверц на Законот за академија на судии и јавни обвинители кои треба да се усвои по скратена постапка, за неписмени кадри на ДУИ да станат судии.

„Да знае јавноста зошто е овој закон. Овој закон е за да се протнат неписмените кадри на ДУИ кои одвај го владеат македонскиот јазик – да бидат судии и јавни обвинители. Бидејќи не положиле претходно, сега ќе им се овозможи писмено да им се додадат поени и да станат судии. Исто како случајот со фалсификуваните дипломи од Драч за англиски јазик, каде појма немаат да бекнат и незнаат пресуда да прочитаат.

Сега, претседателе, Вас ви се обраќам. Собранискиот Деловник вели дека „кога предлогот на закон содржи одредби со кои се врши усогласување со правото на Европската унија, во воведот се наведуваат и податоци за изворниот акт на Европската унија со полн назив, број и датум.” Дополнително, со предлогот се поднесува и изјава за усогласеност, потпис на надлежниот министер и наведување на правниот акт на Европската унија со кој е извршено усогласувањето.
Ваква коресподентна табела и Изјава отсуствува во списите! Оттука, Вие (како претседател на Собранието) сте биле должни да побарате од предлагачот да го усогласи.

Зборот ми е, дали сефтето ќе го почнуваме и со Вас, како со Таљат, за носовесно вршење на служба и да ви поднесуваме кривични пријави?!”, вели Апасиев.

На почеток