Коментари

Талат куртули, Најчевска праша: Зошто во оваа држава само криминалците можат да бидат на власт?

Талат Џафери може да спие мирно оти одговорност за тоа што беше претседател на Собранието, а истовремено и дел од претседателството на генералниот совет на ДУИ нема да има. Тој повеќе не е собраниски спикер, туку технички премиер, па се запира и постапката која се водеше пред Антикорупциска.

Сепак, професорката Мирјана Најчевска не се согласува дека тој не може да биде казнет.

„А зошто Џафери не може да биде санкциониран сега? Како премиер тој има истоветен имунитет како и кога бил пратеник. Значи треба да биде казнет. Зошто во оваа држава само криминалците можат да бидат на власт? Најверојатно така сакаат граѓаните. Нема друго. И еве заради ова сите (ЧИТАЈ СИТЕ) кадри на ДУИ мора да бидат исфрлени од било која раководна позиција“, вели Најчевска.

На почеток