Таравари: Врз делегатите беше вршен невиден притисок за да не дојдат, за 90 дена ќе заврши лошото што владее 20 години
Во обраќањето пред членовите на централното Собрание на Алијансата на Албанците кои му дале поддршка, Арбен Таравари кажа дека промената нема да запре и дека истата е во тек. Според него, имало невидени притисоци за да делегатите во ова партиско тело не му дадат поддршка.
„Промената почна и нема да запре. Денеска требаше тука да бидат присутни повеќе делегати на целнтралото Собрание но врз нив беше вршен невиден притисок за да не дојдат. Денеска е 8 февруари до 8 мај има 90 дена и лошото што досега владее 20 години ќе заврши“, рече Таравари во обраќањето.
Според Таравари, 75 членови на централното Собрание му дале поддршка со присуство, а 85 членови се потпишале и се дел од неговиот табор.
(Видео) Таравари тврди дека ја има поддршката за да коалицира со албанската опозиција