Македонија

(Видео) Таравари тврди дека ја има поддршката за да коалицира со албанската опозиција

Претставници на централното Собрание на Алијанса на Албанците, му дале поддршка на Арбен Таравари за да почне со коалицирање со албанските политички партии, со цел, ДУИ да оди во опозиција. Потоа, тие одлучиле по наредните избори насоката да биде проевропска.

„Присутни беа 75 претставници на централното Собрание и едногласно гласаа и потпишаа за целосна поддршка на претседателот за да реализира коалиција со албанската опозиција за по 20 години, ДУИ да оди во опозиција. Втората точка беше реализација на состанок со централното раководство. Алијансата на Албанците има 29 членови на тоа раководство, а 17 беа присутни и ја прифатија иницијативата“, кажа претставник од таборот на Таравари.

На почеток