Ќе се соберат ли 61 пратеник за исполнување на желбите на Села – пребројувањето почна во Куманово
Собранието е на чекор да им даде клоца на двајцата министри од Алијансата на Албанците, а поддршката за овој чекор се ситни. Азир Алиу од информатичко општество и Фатмир Меџити од здравство, не поднесуваат оставки и ќе пребројуваат гласови на утрешната собраниска седница. Мендух Тачи од ДПА е првиот кој им даде црвен картон на поддржувачите на Зијадин Села и неговиот табор и најави дека ниту ќе оди, ниту ќе гласа за новите министри кои ги предлага ова крило на Алијанса на Албанците.
Засега, како што објави „Скопје1“, познато е дека шест од осумте пратеници од Алијанса ќе застанат зад Села, а двајца зад лидерот Арбен Таравари. Со вакви бројки, а без поддршката од Тачи, се уште има мнозинство за разрешување на двајцата министри на Таравари.
„Скопје1“ дознава дека Халил Снопче и Абдула Салиу се на страната на Таравари, додека Артина Ќамизи, Атнан Незири, Елми Азири, Илире Даути и Ремзи Мехмеди стојат зад сите одлуки на таборот на Села, заедно со него.
Неизвесно е како пратеникот Бастри Бајрами од Европската демократска партија ќе гласа на утрешната седница.
Во меѓувреме, Таравари ги собра членовите на Собранието на Алијанса на Албанците на состанок во Куманово. Од сите, Фатмир Меџити најави дека присуство најавиле 83 члена. Засега е само познато дека во кумановската сала е гужва, а седницата ќе биде и затворена за јавност. По неа, ќе има изјави за медиумите.
Воедно, за во сабота, Села свика седница на Централното Собрание на партијата, тело на кое претседател е токму тој. Најавата е дека ќе се бара отчет од Таравари кој се изјасни дека Алијансата се приклучува на албанската опозиција.